УЧЕНИЦИТЕ ПОДОБРИ ОД УЧИТЕЛИТЕ

Театарот го прослави 66-тиот роденден

Odbelezani 66 godini od TetarotАнсамблот на театарот „Војдан Чернодрински“ при ЦК „Марко Цепенков“, синоќа одбележа 66 години од формирањето со изведбата на претставата „Кирил и Методиј, who are you“ од Јордан Плевнеш, во режија на Мартин Кочовски. Годишнината се посвети и на починатите актери, Блаже Алексоски и Благоја Спиркоски Џумерко.

– Првиот беше еден од основоположниците на театарот и даде голем придонес за развојот, не само како актер, туку и како писател и режисер. Џумерко со години беше еден од водечките актери на ансамблот – вели директорот Тони Чатлески.

Театарот низ годините континуирано растел, за да се искачи на врвот во македонската уметност. Доказ се бројните признанија и награди не само на МТФ „Војдан Чернодрински“, туку и на фестивалите надвор од Македонија.

– Младиот ансамбл покажува врвни резулати и го привлекува вниманието на бројни режисери. Некои од претставите веќе се бренд за македонскиот театар – вели Чатлески

Ансамблот ги подготвува премиерите на „Хамлет од Долна Мрдуша…“ во режија на Кирил Петрески и „Обѕрни се во гневот“ во режија на Кристина Димитрова.

Завесата на Театарот првпат се кренала на 18 февруари 1950 година за претставата „Кир Јања“ од Ј. С. Поповиќ, во режија на Аце Михајлоски.

За повеќе од шест иполте децении, на сцената се поставени над 350 премиери, одиграни се околу 8000 претстави, гледани од речиси два милиони посетители.

Loading