ТЕСТОВИ СО ПЕЛИСТЕР И БОРЕЦ

Ракомет

Ракометниот суперлигаш Прилеп, по 25 дена подготовки, синоќа го имаше првиот контролен меч дома со соседниот ривал Пелистер. Според планот, серијата продолжува в среда дома со Борец, а реваншот е идната сабота во Велес. Уште нема датум за пријателскиот дуел со Вардар јуниор, кој беше одложен минатиот петок поради проблем со превозот на скопјаните. Екипата на Томче Петрески ги одработи сите предвидени тренинзи и нема сомнение дека подготвена влегува во последната фаза.

Во играчкиот кадар нема потреба од нови и со есенските 15 првотимци ќе се чека пролетниот старт на првенството.

Loading