СТАРИЦА ДОБИЛА ЌОТЕК ЗА 500 ДЕНАРИ

tepanjeШеесет и шестгодишната Ц.Т. била тепана со тупаници и стап и í бил одземен мобилниот телефон од насилници дома вчера на сред бел ден во Прилеп.

Според СВР Битола, четворица непознати извршиле разбојништво. Насилно ја извадиле заштитната метална мрежа од прозорецот на спалната соба, го скршиле стаклото и влегле во собата во која спиела старицата. Ü се заканиле со нож да им даде пари. Кога одбила, ја удирале со тупаници и стап по телото, заканувајќи í се дека ќе ја заколат. После таа им дала 500 денари, а еден од напаѓачите í го зел мобилниот телефон пред да побегнат преку скршениот прозорец.                                                                                                    

Loading