ЉУПЧО ТРАЈАНОСКИ ВО ОПЕРАТА ВО ФИРЕНЦА

Oldicno iskustvo od Firenca - Ljupco TrajanoskiВиолистот Љупчо Трајаноски за новогодишните празници имаше одлично искуство, настапувајќи со оркестар во операта во Фиренца. Истакнува дека тоа е добредојдено усовршување, особено со диригенството на флејтистот Прето Бил.

– Уживав во изведбите на дела од Равел, Брамс, Бернштајн… Концертот беше дел од програмата MusXchange, која има за цел намалување на дефицитот во обуката на млади музичари кои произлегуваат од недостатокот на поддршка на краткорочни програми за мобилност во професионален оркестар и ансамблот за обука. Заедничко со членовите на оркестарот е виталноста и ентузијазмот на младите и живиот професионализам. Една од главните цели е организација на заеднички проекти за пренесување на културната разноликост на Европа. Деновите на престој вклучуваа креативни проби со ментори од високата музичка школа Фиесоле во Фиренца – изјави Трајаноски.

Програмата е развиена од Европската Федерација за национални младински оркестри.

Loading