ЕДИНСТВЕН ПРИЛЕПЧАНЕЦ ВО МОК

Миле Талески

Sakav da se vidam so Platini - Mile TaleskiСпортскиот новинар Миле Талески и во пензионерските години е активех. Ја исполнува обврската како делегат во Собранието на Македонскиот олимписки комитет. На годишниот состанок во Скопје, се расправало за Олимписките игри 2016. Приближува овој голем настан, а државава нема листа на претставници.

– Четири ипол часа се дискутираше дека уште немаме патници за Рио. Пливачот Поп – Ацев го префрлаат од маратонец на патека од 10 километри да може таму да настапи. Заложба е каратето да стане олимписки спорт, да може прилепски каратистки да настапуваат, дури и да се борат за медал – вели Талески.

Други прилепчани не биле споменати како кандидати. Последна наша олимпијка беше атлетичарката Христина Ристеска. Сега надежта е во сестра í Фросина, прогласена за најдобра во државава за 2015. Атлетиката и порано даваше врвни претставници преку клубот Трети ноември, сегашен Академик Џамбазовски. Можеби треба да се постави проблемот со условите, односно конечно да се добие поддршка за прилепските атлетичари.

– Прилеп заслужува атлетска патека по современи стандарди. Убава локација е Спортскиот центар. МОК може да помогне – вели Талески.

Тој е единствен делегат од градов во МОК. Некогаш биле Диме Димески, Петар Макески, Круме Спиркоски, Даниела Кулеска…. Не му плаќаат ниту патни трошоци, сепак секогаш присуствува на состаноците. Отсуствувал само пред две години.

– Не бев поради болест, а сакав да се сретнам со Платини, да му кажам дека Победа е неправилно казнета од УЕФА. Градов треба да добие обесштетување со бесплатна градба на стадионот – смета Талески.

Талески е активен 23 години непрекинато.

Loading