ВРЕМЕН РЕЖИМ НА ГРАДСКИОТ

Kusa promena na relaciiteПоради изведување на градежни работи на дел од улицата 11 Октомври кај кружниот тек кај Солидност до кружниот тек кај ОУ ,,Гоце Делчев,, градскиот сообраќај до недела (27.12.) во трите линии ќе се обраќа по следниот распоред:

Линија 1 Во двата правца ќе минува пред стадион наместо пред болница, со тоа што се прескокнува постојката пред микробиологија и пред болница.

Линија 2 Од Рид кон Факултет ќе оди преку Болница, по ул. ,,Петта прилепска бригада,, кај Бонита потоа по редовната релација до Факултет. Линија 2 од Факултет кон Рид ќе поминува пред стадион, по ул. ,,Мирче Ацев,, па продолжува по редовната релација, со тоа што се прескокнуваат постојките пред микробиологија и пред болница.

Линија 3 Во двата правца ќе минува по ул. ,,Александар Македонски,, и се прескокнуваат постојките пред микробиологија и постојките по ,,Петта прилепска бригада,,.

Loading