СТО ПАКЕТИ ЗА ЗАГРОЗЕНИТЕ ПЕНЗИОНЕРИ

Сто слабо ситуирани семејства на членови на Здружението на пензионери ќе добијат пакети со храна во вредност од илјада денари за новогодишните и божикните празници. Асоцијацијата на пензионерите води грижа социјално загрозените членови да ја почувствуваат празничната атмосфера со побогата трпеза.

Околу 200 семејства од 12.500-те членови, годинава добија над милион денари еднократна помош.

Пред Нова година, за активистите ќе се организира заедничко дружење, а активот на пензионерките ќе ги посети станарите на Домот за стари и изнемоштени лица и ќе им подари пригодни подароци. 

Loading