СЕ ЧЕКА СНЕГ

snezni ludorii - skijanje vo dvorГодини наназад, на првиот снег им се радувале сите, и мали и стари, па излегувале да прават снешко, се спуштале низ удолниците со ‘кнки направени од скршена ролетна. Детското смеење виорело низ улиците како студениот Северко, но тоа не ги спречувало да излезат надвор, и од глава до петици да бидат водени од снег, носињата црвени како носот на Були – Були.

Еве го пак декември, месецот на снегот, студот и крајот на годината. Никој уште не го пробал вкусот на мразот и ќефот на снегот и санките. Доцни зимската руба, белите украси на дрвјата. Рано е за маалските авантури на белата покривка.  

Loading