ПЕПЕЛ НА ПЛАТНО

Изложба од Александар Јанкулоски – Цане

Изложба на слики од Александар Јанкулоски – Цане ќе биде отворена вечерва од 19.30 часот во галеријата од ЦК „Марко Цепенков“. Се претставува со дела со кои ги пренесува богатиот колористички пристап преку разни форми и структури.

Јанкулоски е основоположник на македонската современа ликовна уметност. Тој е наш сограѓанин кој со години создава во Скопје.

Уметникот ги отфрлил уметничките клишеа во вековната светска ликовна уметност. Слика со пепел, песок, струготини, горени дрва, бронза… Препознатлив е по вајарскиот талент и по графиката. Создавал монументални слики на ѕидови и минијатурни дела. Работел мозаици, бисти, портрети, споменици, фонтани, а негово најпознато дело е „Некропола“, во Свети Николе.

Добитник е на бројни награди и признанија, меѓу кои Нерешки мајстори, Лазар Личеновски, на Светско биенале на цртежи…

Loading