ВО РОМАНИЈА ЗА ОТПАД

СОУ „Кузман Јосифоски – Питу

Mladii od 6 drzavi so idei za reduciranje na otpadotВо проектот „Редуцирај, реупотреби и рециклирај“ во Романија, ученикот Благојче Мојаноски и професорката Елизабета Николоска од СОУ „Кузман Јосифоски – Питу“ се вклучија со младите од Словачка, Италија, Унгарија и Турција во изготвувањето на предлог младинската политика за намалување на отпадот. На деветдневниот престој се промовираше младинската политика и академскиот труд за директно учество во решавањето на проблемите со отпадот.

Според Николоска, активностите се реализирале преку неформални методи како јавно говорење, тимска работа, индивидуално учење преку дејствување на децентрализирани нивоа.

– Стекнавме значајни знаења, што ќе ни се од помош за сличниот проект за еко стандарди. Разговаравме со претставници од министерството за заштита на животната средина од Романија – вели Мојаноски.

Интернационалниот проект е поврзан со стратегијата Европа 2020 во полето за заштита на животната средина.

Loading