ГРИЖА И НЕГА НА СТАРИТЕ ДОМА

Продолжува проектот „Супер Марио”

– Волонтери помагаат во одржувањето на личната и на хигиената во домот, придружба при одење кај лекарите…

Prodolzuva proketot Super MarioПокрај стотината старци кои дома добиваат грижа и нега за секојдневното извршување на обврските, ќе се приклучат и други прилепчани кои заради натежнатите години имаат потреба од помош. И в година волонтерите ќе бидат добредојдени во домовите кај лицата кои желно ќе ги чекаат да им помогнат околу одржувањето на личната, и хигиената во домот, да им помогнат да ги набават лековите и другите намирници или пак со добар збор да им ја намалат самотијата и низ разговор да ја избркаат тагата присутна на залезот на животот. Продолжува проектот со кој волонтерите ќе ги посетуваат старите лица и ќе им помагаат. Проектот Супер Марио е единствен во државава и се реализира во соработка меѓу Локалната самоуправа и Домот за стари и изнемоштени лица „Киро Крстески – Платник”.

Ангажираните лица за патронажа ги посетуваат семејствата трипати неделно.

Pomos za licat apostari od 65 godini– Им помагаат во одржувањето на личната и на хигиената во домот, ќе им бидат придружба при одење кај лекарите, насочување и планирање на слободното време, што вклучува игри и краткотрајни прошетки надвор од домот. Од социјален аспект, основната цел претставува лицата кои се во период на третата доба да се чувствуваат сигурни дека сепак има некој зад нив, дека некој се грижи, дека не се заборавени во заедницата, туку се целосно интрегирани и вклучени во неа – вели Емилија Николоска, социјален работник и координатор на проектот.

Досега се опфатени над 100 корисници односно стари и изнемоштени лица. Локалната самоуправа издвојува 1,2 милиони денари од буџетот секоја година. Ангажирани се 15 волонтери.

– В година ќе го прошириме проектот со нови корисници и ќе го зголемиме бројот на волонтери. По примерот на овој проект, се  интересираат и другите општини. Ова е по теркот на сите поразвиени држави каде функционира овој систем на домашна посета и грижа за здравјето, купување одредени намирници, примање на терапијата, грижејќи се за здравствената и домашната состојба на старите лица – вели градоначалникот Марјан Ристески.

Домот за стари и изнемоштени лица „Киро Крстески – Платник” секогаш е на располагање да им помогне на старите лица.

– Како јавно – општествено установа секогаш сме позитивно расположени и стоиме на располагаме за вклучување при вакви иницијативи за подобрување на условите за живот на луѓето од третото доба. Со оглед дека 15 отсто од населението од државава е на возраст од 60 години, останува во иднина предизвик за младите генерации да го подобрат нивниот живот, а наедно ќе го употребам мотото на црвениот крст “Сите ние сме нивни деца” и во овој момент ја поздравувам соработката со општината и проектот Супер Марио. Во Домот за стари лица вршиме нега и нудиме медицински услуги на корисниците. Капацитетот е 150, а моментно се корисници 130 станари. Работиме на зголемување на капацитетот и исполнување. Со тоа ќе го подобриме животот на сите стари луѓе – вели Ирена Стерјовска Локвенец, директор на домот за стари лица.

Новиот проектот ќе почне од 1 декември и ќе трае до 30 ноември следната година. Се спроведува секоја година, а ова е третпат. 

Волонтерите трипати неделно ги посетуваат дома старите и изнемоштени лица и им помагаат во секојдневните обврски и потреби.

Loading