СО ЉУБОВ ДА ПОДАДЕМЕ РАКА

Конфекцијата Комфи Ангел утре од 9 до 15 часот на плоштадот „Методија Андонов – Ченто“ ќе организира хуманитарна акција за помош на лицата со епилепсија. Како општествена организација, која се грижи за доброто на целата околина и здравјето на своите сограѓани, акцијата е насочена на поткревање на свеста на граѓаните за епилепсијата како медицински и социјален проблем и ќе придонесе за поголема дестигматизација на болеста.

Дел од собраните средства ќе бидат донирани за Здружението на граѓани за лица  со епилепсија и родители на деца со епилепсија, Епилепсија Македонија.

Loading