В недела, Прилеп ќе биде домаќин на првиот поштенски маратон, организиран од Македонската пошта. Нема да разнесуваат писма, ни пензии, туку, промовирајќи ја поштарската неуморност, ќе трчаат маратон од 42,2 км. низ улиците. Поштарите секојдневно газат огромни растојанија, носејќи абери од целиот свет.
Со старт од центарот, полесна е полумаратонската трка од 21 км. Поддршка на поштарите и промоција на здравиот начин на живот ќе имаат најмалите на детска трка од 1 км. За малку поголемите претстои забавна трка од 5 км. Примамлива не е само долгата патека, туку и високите парични награди. Вкупниот награден фонд е 158 илјади денари.
![]()

