ПРВА НАГРАДА ЗА УМЕТНОСТ И КУЛТУРА НА МАКЕДОНСКИОТ ТЕАТАР

Сиднеј

Nagrada i promocija na na darot na makedonskite umetnici vo SiidnejПретставата Ограда на Душан Ристевски, изведувана од актерите аматери на австралиско македонскиот театар од Сиднеј, Австралија, ја доби првата награда во категоријата за уметност и култура. Македонската организација првпат добива вакво признание во 26 годишната традиција. Австралиско македонскиот театар годинава доби Повелба од претседателот на Македонија, Ѓорѓе Иванов за промоција на македонската култура и нација

Престижното признание е доделено под покровителство на Владата на Нов Јужен Велс и државната комисија за етнички проекти на церемонијата во зградата на Опера хаус во Сиднеј. Признанието било врачено од министерот за мултикултура.

Автентичната претстава се изведува на англиски јазик. Дел е од проектот “Живеење во хармонија”. Претставата забележала голема гледаност. Ја проследиле десетици илјади гледачи во Сиднеј и Волонгонг. Нашиот Стефо Нанцу е режисер и носител на главната улога. Играат и Васко Србиновски и актери од Либан, Јордан, Виетнам и еден Абориџинец.

Во осум категории биле номинирани неколку стотина невладини организации, клубови, бизниси, здруженија и асоцијации на иселениците од цела Австралија.

Австралиско македонскиот театар од Сиднеј ја најавува за крајот на ноември монодрамата за Методија Андонов – Ченто, а за в година се планирани претставите “Куферот” и “Баба се мажи”. Театарската група досега играла осум драмски дела на сцена.

Loading