Нашата оперска пејачка Ирена Крстеска, која живее и работи во Виена, Австрија, имаше успешни настапи во Јапонија. Според јапонските медиуми, Крстеска ја освоила публиката во Токио и во Осака, настапувајќи со нејзините колеги од земјата домаќин и изведувајќи дела од Моцарт, Рахмањинов и Калман.
Крстеска за Зенит изјави дека í претставувало голема чест да пее во земјата на изгрејсонцето во рамките на културната размена на двете држави и по настапот на јапонски уметници пред неколку години на Прилепското културно лето.
Дел од концертите имале хуманитарен карактер.