ЧИСТАЧ СО КОНДИЦИЈА

Brza intervencija - Blaze StevanoskiРакометот е динамичен спорт каде освен на играчите и судиите, не им е лесно и на чистачите на подот. На суперлигашкото дерби Прилеп – Работнички многу работа имаше за Блаже Стеваноски. Дали поради материјалот, вжештената атмосфера во салата или од потта на играчите кои паѓаа, подот стануваше лизгав. Во еден период чистачот беше повикуван на помош речиси по секоја акција. Гледачите се чудеа како издржува со трчање од едната до другата страна на теренот.

– Имам кондиција. Стигнувам каде што треба. Кој не згазнал на паркет, не знае што е ризик од вода… – вели Стеваноски.

Со овој хуман гест е “ангел чувар”, оти ги спасува ракометарите од несакани повреди кои ќе ги тргнат од теренот и ќе ги “преселат” во болниците, наместо во спортските сали.

Loading