БЛЕСОК, МЕСТО МАГАРИЊА

Atmosfera na cesnost vo starata carsijaНиз чаршијата отсекогаш рамо до рамо шетале чорбаџии, рајата и магарињата. Едни до други биле богатите и сиромашните, беговите и голтарите… Не биле прилепчани покондирени. Најважна била чесноста, намусот. Без тоа, не се признава ефендија, колку и да е дотеран и накинџурен. Опнатите, наместо почит и метании, добивале мајтап и служеле за подбишега. Тоа бил еснафскиот чаршиски тертип.

Дуќаните сега се модерни. Место кепенци, ласка алуминиум, а свеќите и фенерите се заменети со неонките и сјајот на колоритот на рекламите. Место калдрма, се гази на плочки.

И магарињата се искурназија. Не носат товар и исчезнаа од сокаците.

Loading