ИЗЛОЖБА НА МАРИЈА МАРКОВСКА И ЧАСЛАВ МАРКОВИЌ

,,Две вистини,, е тематската изложба на слики од Марија Марковска и Часлав Марковиќ што ќе биде отворена утревечер од 19.30 часот во галеријата од ЦК ,,Марко Цепенков,,.

Брачната двојка ги пренесува доживувањата на светот околу нас.

– Идејата се сведува на прашањето за вистината во облици, форми, бои и светлина. Вистината која појавно различно ја восприемаме и во ликовната уметност. Затоа насловот е “Две вистини” – велат авторите.

Марковска е академец на ФЛУ во Скопје и е член на ДЛУМ. Имала повеќе самостојни и групни изложби во земјава и во странство.       Марковиќ завршил ФЛУ во Скопје и бил дел од повеќе колонии.

Loading