ОД КОРЕН СВЕТНУВАЊЕ НА БОЛНИЦАТА

Наскоро

bolnicaТемелно ќе се реновира болницата. За обновата на прилепската, и реконструкцијата на уште четири болници и изградбата на нова во Штип, Владата ќе инвестира 40 милиони евра со што значително ќе се подобри инфраструктурата на болниците. Премиерот Никола Груевски рече дека реконструкцијата на болниците треба да почне до крајот на годината и да заврши за период од околу една година.

Покрај реновирањето, инвестицискиот бум во здравствениот сектор вклучува и набавка на нова медицинска опрема. Министерот Тодоров најави 6 нови дигитални мамографи за 6 здравствени установи меѓу кои и за Прилеп.

Вакви апарати имало претходно, но веќе се стари, дотраени, со почести дефекти и надвор од употреба.

Во последните неколку години набавена е нова медицинска опрема во здравствениот сектор, за која се инвестирани над 100 милиони евра.

Loading