МЛАДА ПАРТИЗАНКА – БОРБА ВОДЕЛА

spomenikБорбен прилепски дух на мермерна плоча со делкана фигура на млада партизанка со нешто во раката – пушка, ранец, кренат е на плоштад. Момата е фатена отстрана со долга плетенка на рамото.

Пораката е јасна. Токму на плочникот на шаренило од сиво и бело тло, девојката се “одмора” каде младите почнувале да го нагазуваат и го заземаат просторот за шеткање и истегнување на нозете. Размрдувањето е идејниот дел за културно забавен живот. Бил период пред активирање на маалската “каписла” за дружба на заедничко корзо од сите страни на градот.

Калдрмената улица дава шмек. Посебно раздвижениот возен парк. Има автомобили. Малку се лизга бело – црвениот автобус по модерните “европски” улици.

Се натокмила, се дотерала Старата чаршија со “личотија” дуќани во дослух со здивот на времето, на ударните градителски акции. На раздвижените граѓани им е задоволство да крстарат низ сокаците на чаршијата под звукот на градскиот часовник.      

Loading