ТРОЈЦА НОВИ

Победа

Второлигашот Победа и во текот на првенството доведува играчи. Голманската позиција е засилена со Ванче Манчевски од прволигашот Тетекс. Двојно е повозрасен од Даниел Котевски, кој бранеше на пријателската со Вардар. Повратник во екипата е стоперот Александар Крстески, досегашен член на Пелистер. Дојде и младиот Мартин Рутески од скопски Металург. Исклучениот Даниел Карчески и казнетиот тренер Дарко Крстески не се во тимот за саботното гостување на Кожуф во Гевгелија. Претходно, пред 5.000 гледачи беше 1-1 дома со Пелистер.

Loading