КАРТУШЕВЦИ НА ГРОБОТ НА ШАРЛО ВО БУГАРИЈА

1. Pocit za sarloПланинарите од Картуш скокнаа до местото Милеви Скали во Бугарија, на спомен обележјето на Методија Шаторов Шарло. Оддадоа почит на прилепскиот херој кој неоправдано беше избркан од земјава во 1941 година и загина со неколку комунисти под негова команда, неколку дена пред капитулацијата на Бугарија во Втората светска војна. И прилепски роднини и почитувачи на делото на Шарло ги закитија со цвеќе гробот во градот Пазарџик, плочата на местото на смртта и големиот споменик на паднатите борци за слобода.

 

2. Kartusevci go osvoija KorabНа крајот од август дел од планинарите во алпинистички ризични потфати го освоија највисокиот врв Митакис со 2917 метри на планината Олимп во Грција. Ги откриваа и убавините на манастирите на карпи Метеори и уживаа малку во морските води на Егејот. И за денот на независноста, дел од планинарите се дружеа со планината и по којзнае којпат го “кутнаа” врвот на Кораб.

Loading