ДОЈДЕ ПИВОТ

Ракомет

Суперлигашот Прилеп се засили со пивотот Никола Секулиќ (РК Београд, Србија). Тој веќе настапи на неколку пријателски мечеви и покажа дека ќе даде придонес во зголемувањето на конкуренцијата. Петти странец е, бидејќи претходно пристапија голманот Раичиќ, крилото Турченко, бековите Шаренац и Андреиќ.

Тренерот Томче Петрески ја воигрува екипата низ тренинзи и контролни мечеви. На турнирот “Миле Нешкоски” загуби од Охрид и Радовиш, го совлада Пелистер. Првенството стартува на 19 септември дома со Пелистер. 

Loading