ОСВОЕНА ЦРНОГОРСКА ПРАШУМА СО ЕЗЕРА

planinariТриесетина планинари на Картуш три дена ги капеле очите во зеленилото на високите буки и елки и во тиркизот на петте природни езера на националниот парк Биоградска Гора во Црна Гора. На воодушевувањата им немало крај на маршот низ живописната патека од 36 километри при освојувањето и слегувањето од врвот Црна Глава. Ова била ретка можност да се пешачи во густа гора, небаре прашума. На планинските полјани, попатно, мераклиите на природата наидувале на изградени дрвени кули за набљудување на панорамата на реката Тара, планинските врвови на Бјеласица и на прекрасното синило под хоризонтот на природните езера со кристално чиста вода. Црногорците се погрижиле да ја припитомат природата со асфалтен пат кој води низ атракциите и неколкуте мандри со примамливи специјалитети за туристите. Шлаг на патешествието било кампувањето на брегот од едно од глечерските езера, чија ограда на брегот биле стебла на зимзелена шума .

Loading