Скок со дрвени мостови

Mostovite na Gradskata rekaКеј на Градската река – 1915 година. Монотонија. Не се мостовите во Мостар или камените мариовски. Тоа се дрвени мостови на романтиката. Дрвени креации за преминување од еден брег на друг, од еден крај на друг, од еден живот во друг. Течението на Оревоечка река и дрвените мостови е будење на сеќавањата кај прилепчани.

Денес реката се минува по модерни бетонски премини, а некои млади успеале да ја урнат металната ограда на пешачкиот мост. Велат дека биле “весели” матуранти, кои ги “мереле адолесцентните мускули”. Дрвените мостови низ вековите не биле мета на силата на младите кавалери, туку тие ги меркале момите по сокаците. 

Loading