СÉ И СЕШТО, НАМЕСТО ПАМУК

Nekogas iljadnici, denes stotici rabotnici na rabota kaj BiljanaНе е така дамнешно времето кога индустријата цветаше. Иако впечаток е дека замрено е производството, разретчени се автобусите до големите фабрики кои се развиваа во 80 – тите години, но фактите говорат друго. Прилеп бил и уште е град на индустријата. Можеби не со гиганти како во меморијата на постарите трудбеници, но малите фирми светкаат со ефектива и полн капацитет.

Ја нема Билјана која продуцираше памучен конец од огромните сали со над две илјада работници. Или Политекс, кој произведуваше мешан конец од памук и синтететка. Не се празни просторите на некогашните текстилни извозни гиганти. Сега таму се произведува сé и сешто и се “тераат” и помали бизниси за замена на “памукот”. Малите вивнуваат. Така е во економијата. 

Loading