НЕМА ПОТРЕБА ОД НОСЕЊЕ ЅВЕЗДИ

Ракомет

Нема отстапување од генералниот став околу играчкиот кадар во машкиот суперлигаш Прилеп, во пресрет на пролетниот дел од првенството. Според лимитираните финансиски средства во буџетот, се игнорираат сите понуди за доведување на скапи играчи, репрезентативци. Едноставно нема потреба од големи ѕвезди, кои би биле привилегирани во однос на останатите, кои есеноска дадоа придонес кон третото место на табелата.

Екипата на тренерскиот тандем Ице Соколоски – Страшо Илиески ја одработува втората фаза од подготовките, низ одигрување пријателски и тренинг мечеви. Првиот е загубен минимално со 32-31 на гости од вториот Вардар во Скопје, а потоа е забележан триумф на гости со 32-37 над Кастриоти во Урошевац, Косово. Овој дуел беше неофицијален, тренинг меч. Синоќа беше и третиот, дома против суперлигашот Охрид. Настапуваат сите првотимци, меѓу нив новодојдениот Димитровски од Пелистер. Како стојат работите никој нема да го напушти составот на Прилеп.

Првенството продолжува на 7 март.

Loading