ЗАЧЕСТЕНА АКТИВНОСТ

Шах

Прилепските шахисти користат секоја можност за претставување надвор од градов, на силни домашни и меѓународни турнири. На последниот турнир Карпош во Скопје, меѓу 107 учесници од шест земји, ФМ Славе Трајкоски го освои деветтото место со шест ипол поени. Забележа шест победи, едно реми и два пораза. Вредни се победите над ФМ Биљаниќ и ИМ Кироски, ремито со ИМ Панчевски. На турнирот висок пласман, на 16 место имаше ФМ Роберт Велески, а првак со осум поени е Бугаринот ВМ Кирил Георгиев.

Следи пријавување за два силни турнири во Скопје, првиот кон крајов на месецов Центар, а вториот во март повторно Карпош.

Loading