СЕ ПОДГОТВУВА “КАКО СЕ СТАНУВА ЦАР”

Театар

KIril Petreski, rezira detska pretstavaКако и секоја сезона, водејќи грижа за најмладата публика, театарот ја подготвува претставата “Како се станува Цар”. Автор е Афродита Кирјаковска, а режисерот Кирил Петрески вели дека текстот е извонредна драмска подлога за деца.

– Претставата ќе биде освежување. Дејствието е во микро – светот на инсектите, во дворецот на Царот Дувниветре. Текстот е поставен само во Драмски театар во Скопје. Делото е забавно и претставува предизвик. Тој е и домашен драмски текст за деца што ги има малку на сцените. Пробите течат во одлична атмосфера, а актерите со огромно задоволство и посветеност се зафатија во подготовката. Премиерата ќе биде во средината на март – вели режисерот Петрески.

Ќе играат Најдо Тодески, Виолета Чакарова, Зоран Иваноски, Марија Спиркоска – Илијоска, Наташа Наумоска, Ангела Наумоска, Димитар Георгиевски и Михајло Миленкоски.

Паралелно се интензивираат пробите на претставата “Плен” од Џо Ортон, во режија на Југослав И. Кочоски. Двете претстави театарот ги работи со сопствени средства.

Loading