НА ПРОЛЕТ ТЕНДЕРИТЕ ЗА КОНАЦИТЕ НА ТРЕСКАВЕЦ

Завод и Музеј          

V leto kinisuva gradbata na konacite na Treskavec - Gordana D.SpiroskaЗавод и Музеј годинава од Министерството за култура доби пари за  24 проекти, од кои 14 се од областа на заштитата, три од музејска дејност и два за инвестиции. Најголемо внимание, според директорката Гордана Д. Спироска, ќе биде посветено на проектите за обнова на манастирот Трескавец.

– Во март ќе го објавиме тендерот за изградба на западниот и северниот конак, а во мај за источниот конак и за параклисот. Најрано градежните активности би почнале во лето. Напоредно ќе се работи на проектите за конзервација на црквата, трпезаријата, на магерницата и на камбанаријата, кои се надевам дека ќе бидат завршени до крајот на годината – изјави Спироска, напомнувајќи дека со ланските археолошки истражувања е комплетирана полната слика за постоењето на Трескавец.

Целиот проект за обновата на овој значаен споменик на културата, до кој државата изгради пат, а чии конаци изгореа пред две години, треба да заврши до 2018 година.

Годинава музејот, според директорката, ќе работи на повеќе проекти, меѓу кои за конзервација на споменикот Илинден во Крушево, на заштита на црквата Свети Никола во селото Манастир, Мариово, проект што треба да заврши до 2017 година, како и на проектот за  конзервација на фреската и архитектурата на влезната порта на манастирот Св. Архангел Михаил, на адаптација на депоата на Музејот, и подготовка на просторот за етнолошка поставка преку која, со една убава приказна ќе биде пренесен животот на граѓаните на овие територии.

Лани музејот работел на 39 проекти од заштита, шест од музејската дејност, а најзначајни биле археолошките истражувања на Стибера, Трештена Стена, на Трескавец.

Loading