ТРЕНЕРИ ДВОЈНИЦИ

Toni Naumoski na kvadratВикторија Тобако, најмладата екипа на турнирот во мал фудбал “Свети Никола”, имаше двајца тренери истоименици. На главниот Тони Наумоски, некогашен фудбалер на Победа, му помагаше – Тони Наумоски, поранешен играч на Варош. За тимот кој се пласира на 3. место во групата Ж настапуваа синовите на тренерите различни само со почетната буква Дарио и Марио Наумоски.

Лани тренерите водеа различни екипи, Мите транс и Преспа, се сретнаа во 1/8 финале и на пенали се знае кој победи – Тони Наумоски!

Loading