ЖЕНА МЕЃУ БЕРБЕРИ

Prviot zenski frizer Pavlina Pirganoska kaj  Andon SlabejkoМеѓу еснафите низ Стара чаршија бил и фризерскиот занает кој бил предодреден за машки мајстори. Првата жена – фризер која замешала прсти во “машкиот занает” била Павлина Иванова Пирганоска. Дури и стрижела и бричела машки глави во салон “Здравље” на Андон Слабејко. Била ем фризер меѓу берберите, ем партизанка. По војната се вратила на занаетот да “стригне” уште нешто, ама со ножици.

Фризерскиот еснаф денес “раѓа” повеќе фризерки и бербери. Тие се наследници на мајсторот Никола Николоски. Уште од шеесеттите години “се перчел” во дуќанот, кој сега е претворен во бутик.

Loading