БРОНЗЕН МЕДАЛ ЗА БАРЛАКОСКИ ВО ТОРОНТО

Фотограф од кино клубот Прилеп, Божидар Барлакоски, се закити со бронзен медал од меѓународната изложба на уметничка фотографија во Торонто. Наградата ја освои за фотографијата „Hamer – hand“ во конкуренција на 600 фотографи од целиот свет кои учествуваа на 122 меѓународен уметнички салон.

Ова е седма награда за Барлакоски годинава, кој првата самостојна изложба “Окото на градот” ја имаше во Кичево.

Loading