„ЦРВЕНИОТ БИК“ ОД АЛЕКСАНДАР ФИЛЕВ

Prvo pretstavuvanje na Filev vo Prilep„Црвениот бик“ е тематската изложба на слики што ќе биде отворена вечерва од 19 часот во ликовниот салон на ЦК “Марко Цепенков”. Филев првпат се претставува во градов, а неговото ликовно творештво, како што вели м-р Зоран Рујак, има експресивна наративна сугестивност, буди длабоки чувства на возбуда и драматичност, на места проткаени со симболи на притаен еротизам.

Филев е дипломец на ФЛУ во Скопје. Од 2001 година е асистент во студиот за мозаик на Газанфер Бајрам, кое работи 17 години во рамките на меѓународната Струмичка ликовна колонија.  Работел на мозаиците во Пелинце, а самостојно изложува од 2007 година во земјава и во странство.

Loading