ТРЕНЕР – ПРОРОК

Историја

Фудбалските стручњаци не се семоќни и некогаш грешат во проценката за квалитетите на фудбалерите. Спротивен пример е зимата 1981 година. Победа се подготвуваше за пролетниот дел од Републичката лига, а во сениорскиот тим префрли дел од младите. Само неколку пријателски мечеви беа доволни тренерот Мома Илиќ да прогнозира богата кариера на 17-годишното момче Илија Најдоски од Крушево.

– Вистинско откритие во улога на центархалф. Сталожен, брз енергичен кога треба. Има огромни физички предиспозиции. Може бргу да напредува, а дали ќе биде така зависи од него – порача Илиќ.

Најдоски со Ц. Звезда стана европски и светски првак. Играше за Вардар, во Турција, Швајцарија, Бугарија и Шпанија.

Loading