ИСТАКНУВАЊЕ ВО СКОПЈЕ

Џудо

Прилепските џудисти “жнеат” медали. На Меѓународниот турнир од Миоки во Скопје се истакнаа ЏК Пролетер меѓу конкуренти од Турција, Бугарија, Романија, Србија, Хрватска и Македонија. Освоија 12 медали: две злата, сребро и девет бронзи. Златни се на кадетот Борче Ангелов и сениорот Никола Велкоски. Одлично се претставија и џудистите на ЏК Сеишин. Освоија три медали: злато и две бронзи. Победник стана кадетот Мартин Тодорчески.

До крајот на сезоната има уште предизвици.

Loading