ДВАЈЦА БРАЌА, ВО ЕДНА ВЕЧЕР В “ТАВЧЕ”

Женидбата е најпосакуваниот чин за кој живее секој, уште повеќе што тоа е единствениот миг за кој е свесен човекот и на кој може да му се радува. Токму на двојна веселба се определија браќата Селимоски од Австралија. Тие во една вечер се оженија и направија заедничка веселба. Селим и Северџан се ветија на вечна љубов со своите избранички Незије и Семра. На веселбата и немаше крај, а гостите кои присуствуваа на дуплата свадбена веселба, уживаа во прекрасниот амбиент на ресторанот “Романса” и во забавата со звуците на Ферус Мустафов.

Двајцата браќа, под рака дома однесоа две убави невести.   

Loading