ПОШТЕНСКИ АБЕР СРЕД ГРАД

Stara posta  - nova bankaНемал поштенска куќа, а пак бил централа за поштата што итала за цела западна Македонија. Во старо време аберџии јавале на коњи со посебни самари. Товарени со по два големи сандаци полни со вреќи писма стигнувале сред градот. Анџак понеделник и четврток дошло, па аберот стигнат од далеку на цел глас пред тутма раја. Де со товарни коњи, де со запрежни коли, па и вагони по пруги железнички дури, битно писмата да фрчат и да носат арни и лоши вести. Шуќур, стивнала друга војна, па и Прилеп се почестил со поштенска станица – прочуената Стара пошта на местото од денешна Комерцијална банка. Биднала и работата со поштите и телеграфите, приватност добиле граѓаните, насамо писмо љубовно да си читнат. 

Loading