ДИСЦИПЛИНА КИЧМЕ ЗА ФИНИШ

Џез викенд

Disciplina kicme - slag na dzez vikendotПо синоќешниот старт на третиот џез фестивал, со италијанскиот бенд Aqustico и со бугарскиот состав FlyWe2The Moon, прилепскиот џез викенд продолжува вечерва со  настапуваат на SARHAN – комбинација од Словенија, Индија и Хрватска, чија музика е посебен фјужн на индијска традиционална музика и џез рок и бендот NAKED од Србија.

Третата фестивалска вечер е резервирана за Next to Silence, чии членови се дел од повеќе македонски бендови, за Rambo Amadeus & Two Winetous – кој е еден од најоргиналните и најценети автори и перформери на Балканот, вешто пратен од виртуозите Игор Малешевиќ на тапани и Мирослав Товирац на бас. Нивниот звук на музицирање најкратко може да се опише како „Шлаг на 21 век”. Едни од ѕвездите на настанот ќе бидат и популарните Дисциплина кичме од Србија со легендарниот Душан Којиќ – Која, кои ќе го затворат овогодинешниот фестивал.

Место на случување е летната сцена од Центарот за култура Марко Цепенков, влезот е бесплатен, а фестивалските вечери започнуваат од 20 часот. Фестивалот за прв пат се одржа во 2012 година во организација на Одделението за култура при локалната самоуправа со цел презентирање на музичкото творештво од светски џез размери пред прилепската публика со основна идеја за поинаков урбан Прилеп.  

Loading