ЈАВАЊЕ НА ДВЕ КОЛЦА

Merak za velosipediВелосипедите отсекогаш биле примамливо превозно средство за прилепчани. Двете тркала, едно напред, едно назад, “завиткани” со гума и  споени со метална конструкција биле повеќе од магаре. Фатени за рачките, небаре за волан, “бичат” на велосипеди, и стари и млади. Со клима “автоматик”, везден уклучена, седиште од вештачка кожа, чиниш возиш вистински кабриолет. Колцето се врти, небаре земја не допираш. Те бидува за велосипедиста, ако по удолнини се спушташ, а на велосипед остануваш. Се организирале и велосипедски трки како оваа за која сведочи фотографијава.

И денес трките на велосипед се атракција и дел од кампањите за здрав живот и чиста средина без автомобили.  

Loading