Објектот од Стара Нама – или Народен магазин, од пред 50- тина години на плочникот потсетува не генерациска младост. Тука некогаш се продавало текстил, односно материјали, штофови, волница, а последно време и долна облека и играчки за децата. Едно време, во еден ќош се нудеше и постелнина од асе со прекрасни машински везови, покрај конфекциската облека.
Последно време, објектот се пренамени во кафе бар за забава и дружба на младите. Тие беа во посебен стил и пријатен амбиент, кој го наруши ненадејниот пожар од кој остана само руина. Празниот простор зјае. А до кога, само газдата знае!!!?