НАГРАДА ЖИВОТНО ДЕЛО

САЛАЕТИН БИЛАЛ (1942) – АКТЕР

Salaetin BilalАктерот Салаетин Билал, долгогодишниот познаник на македонската и светската публика, препознатлив по својот посебен сензибилитет и актерска креативност. Тој е еден од најактивните актери кај нас, адекватно застапен на повеќе јазични говорни подрачја и во сите аудиовизуелни медиуми. Ретка актерска фигура која освојува со својот однос кон сцената и пред камера, кој знае да создаде интересни ликови, привлечни за гледање за секоја публика. Доуниверзитетското образование го завршува во Скопје. Во 1964 година се вработува во Турската драма при Театарот на народностите. Игра и во претставите на Албанската драма. Пишувајќи за неговата ревносна театарска активност, треба да се наведат и улогите во претставите од Театарот на Ромите “Пралипе” и во други независни проекти. Истражувајќи го театарот како личен предизвик или провокација, тој се обидува и како режисер и потпишува режии на 4 претстави, 70 театарски ролји на македонските професионални сцени, 40 телевизиски и филмски улоги се во досието на долгата кариера. Љубовта кон театарот може да се препознае и во повеќето негови обиди за доближување на некои од драмите на пошироката публика, со неговите преводи. Исклучителна е театрографијата на Салаетин Билал со бројни улоги во претставите на повеќето значајни театарски и филмски режисери кај нас и во странство. Играл во претстави на редица најзначајни драмски автори. Публиката го препознава и по филмските и телевизиските ролји во домашна и странска продукција.

Талентот и работа ги препознава и публиката и критиката и за тоа е наградуван повеќекратно. 

Loading