СНЕЖАНА СТАМЕСКА (1946, СКОПЈЕ) – АКТЕРКА

Snezana StameskaПримадоната на македонскиот театар, Снежана Стамеска, е една од водечките актерки на Драмскиот театар. Препознатлива е по својата уникатна дарба и неверојатната трансформативна моќ. Се етаблира подеднакво активно и во театарот, филмот, радиото и на телевизијата. Повеќе од 50 улоги на професионалните театарски сцени во Македонија, како и голем број на филмски и телевизиски улоги, покажуваат дека станува збор за исклучителна актерка со специфична креативност, професионалност и автентичност, која се препознава по нејзината оригиналност и посветеност на театарот до максимум.

Дипломирала на Театарската академија во Белград (1970) и веднаш е вработена во Драмски театар во Скопје. Развивајќи ја својата лична поетика, на значителна актерска фигура, Стамеска на матичната сцена одиграла 47 улоги. Остварила ролји во Македонскиот народен театар (2 претстави), Градскиот театар во Скопје, Детскиот театарски центар, Универзалната сала и во независна продукција. Креативноста ја дефинираат улогите на доминантни женски фигури, кои се создавани интиутивно и рационално. Самоуверена е во прикажувањето на карактери од кои може да се препознае став и активен однос кон светот околу нас. Играла во голем број телевизиски серии и филмови, како и во три македонски долгометражни играни филмови (Жед, 1971, Нели ти реков, 1984 и Глас, 2000). 

Loading