Сé е во знакот на матурите! Од хотелските прослави каде генерациите од средните училишта ја прославуваат последната заедничка средба, до кафулињата, рестораните, па и домовите во кои во весела атмосфара се прославува полнолетството. И социјалните мрежи се преплавени со фотографии од матурските, на кои ги има задолжително и богатите трпези! Сé е дозволено кога се зачекорува во светот на возрасните и се вели “збогум” на другарите од средно.
Весело секаде, а сите матуранти од убави, поубави!
Фоткава ја позајмивме од ФБ, од албумот на фотографот Мики Николоски од прославата на матурата на СОУ “Ѓорче Петров”, во Липа.
Среќно матуранти!