ИНСТИТУТОТ НЕМА СОЗДАДЕНО ЛИНИЈА СО 242 ГРАМА СЕМЕ ОД СТРАК

Се обраќаме до Вас, во врска со објавениот напис “Сорти на тутун со семе за бионафта“, објавен на страна 3 во весникот “Зенит” од 28. март 2014 година.

Демантот на научниот институт за тутун Прилеп и Универзитетот “Св Климент Охридски” – Битола се однесува на текстот во вториот пасус, со написот каде стои дека во експериментите спроведувани во Институтот за тутун, добиени се сорти кои приносот на семе по една билка достигна до 242 грама по страк, и затоа го демантираме овој дел од текстот, нагласуваме дека Институтот нема досега создадено ниту една стабилизирана линија или призната сорта која го поседува тој биолошки потенцијал.

Исто така, во третиот пасус е наведено дека во Македонија е остварен принос на семе од 3 до 4 тони семе по хектар. Според нашето искуство, од досегашното производство на семенски материјал, во Институтот за тутун, овој принос на семе не е можно да се оствари од причини што истиот е прикажан со најмалку од околу 10 пати поголема вредност од реалната вредност на досегашното традиционално производство на семе по 1 хектар, кое се добива во Службата за семепроизводство при Научниот институт за тутун – Прилеп.

Со почит,

директор проф. д-р Гордана Мицеска  

Loading