Втората македонска ударна бригада


 

 

 

 

 

 

 

 

 

На 23-от декемвриски ден, во 1943 лето,

во Егејот долу, во Фуштани село,

близу до Сопота града,

се роди Втората македонска ударна бригада.

Се исполни планот на Кузман и Ченто,

протестираше генералот Вукмановиќ – Темпо.

Бригадата ја сочинуваа неколку стотини борци,

командантот е Туриманџоски Димче – Горски.

Низ тиквешко поле, бригадата оди,

многу борби со непријателите води.

Народот свој да го ослободи.

Македонската држава да се роди.

На 9-ти септември, во 1944-то лето,

бригадата низ Селце слезе, во Прилеп влезе.

Со фашистите дојди до уличен судир,

Се стремеше да им зададе победнички удар.

Уличните борби прекинаа во градот,

бригадата со ранети борци, го напушти врагот.

По третиот ден во Марул таа дојде, народот љубопитен на средсело í појде,

Македонска војска за да види, македонски песни на сред село се пејат, за Гоце и Јане, за Питу и Даме,

се вее жолто – црвено бригадно знаме.

Командантот Дончо на сред село говор држи,

говорот негов од извици се гуши

Ченто знај држава да прај!

Ченто знај држава да прај!

Бригадата во базата се врати,

одборот селски, готвена вечера и прати.

Насобраните луѓе радосни си разотидоа,

македонска војска за првпат видоа,

бригадата се крена,

мостот на Црна да го руши, германската безбедност да ја загуши.

Во Канатларци, Дончо со Алија се сретнаа, двајцата меѓусебе нешто си шепнаа.

Од базата до мостот на реката Црна,

бригадата теренот во мир го мина,

Марулската позадина ја обезбедуваше,

групата од Благоја и Димко, патот го одредуваше.

Нападот на мостот беше извршен,

целосно мостот не беше разрушен.

Во базата бригадата се врати,

без капка крв тоа да го плати.

Утрото уште во раните зори,

Од Канатларци дојдоа три запрежни коли,

Двете со печена лебна храна,

третата полна со сувомесна прехрана.

Војникот Кадинецот, Кебакоски Милан

доби еден цел слободен ден.

Во Марул со роднини да се срети,

родната куќа од мајка му да ја посети.

Од Марул, бригадата четири коњи зеде,

на стопаните документи им даде,

со нив замина за во Дуње,

да мобилизира таму, нови борбени луѓе.

До бригадата во Дуње наредба дојде,

одма да тргне во Гостивар да оди,

Со балистите таму војна да води,

народот од тортура да го ослободи.

Бригадата дојде до селото Зајас,

се покажа балистичкиот обрач како појас,

отворија силен оган од сите страни,

на бригадата и преостана само да се брани.

Многу борци паднаа, тука жртви,

балистите удираа со бајонетите и по мртви,

ужасот тука беше многу страшен,

тој ден за бригадата беше мрачен.

Од дедо ми Ристе, коњот црн,

во ливадата под Зајас, со склештени нозе стои,

убиените соборци ги гледа со наведена глава,

небаре ги брои и почит им дава.

Тито титна, телеграма прати,

не смее одмазда крв за крв да се врати,

шеста и десета бригада на помош дојдоа,

многу мртви и ранети борци најдоа.

Ова сценарио го измислија Тито и Темпо,

да ја срушат популарноста на Ченто.

Егејската бригада да ја исфрлат од строј,

да не биде регистрирана со југословенски број.

Кадинецот Милан, војник на оваа бригада,

во информбировското доба ги губи граѓанските права,

осуден е на осумгодишна затворска казна,

оти се борел за Македонија лажна.

Автор

Томе Велјаноски – Марулецот

Гетеборг, Шведска

Loading