ВТОР ГИНИСОВ РЕКОРД СО ПЕРНИЦА

Верификаторот на Гинис со метрото в раце објави дека во Прилеп стотина работници на конфекцијата Комфи ангел го поставија новиот Гинисов рекорд, создавајќи ја најголемата перница во светот. Перницата со димензии 17,2 на 17,2 метри, тешка околу пет тони никна на плоштадот за неколу часа, со што се урна досегашниот рекорд на некоја белгиска фирма, која пред три години создала перница од три тони и димензии 15 на 15 метри.

Прилеп вторпат влезе во Гинисовата книгата на рекордите по пет години, кога женските здруженија зготвија над 80 илјади посни сармички во големина на лешник.

Градоначалникот Марјан Ристески изјави дека подвигот на компанија со 600 работници е промоција на градот и на земјава, но и промоција на стопанските можности на градот за привлекување на странски инвеститори.

Материјалот од перницата ќе се рециклира и ќе заврши за полнење на играчки – мачиња, кучиња од кадифе.

Новиот рекордер ги почести граѓаните со по една мала перница за сувернир.


Loading