ВЕМБЛИЧЕ

СТАДИОН МОГИЛА

Не само во голем стадион, мерак амбиент се прави и во мал. На Могила, гледачите уживаа на мечот Варош – Пролетер 6-0. Како на Вембли тие беа веднаш крај оградата и одблизу следеа секој детал на прекрасната, рамна трева. Лесно комуницираа меѓу себе и со актерите. Поентата на спортските мегдани е пренос на енергијата од трибините кон теренот и обратно. При фотографирање од која било страна се доловува најбитното: играчите и навивачите. На други големи стадиони, на ова не се посвети внимание, како на “Филип Втори” каде без 20-30 илјади грла тешко се прави атмосфера, поради непотребната атлетска патека, која трибините од теренот ги оддалечи 20 метри!

Loading