НАЈСТАР НА ВРВОТ, НАЈМЛАД ВО ДУХОТ

На традиционалнато 32 искачување на Титов Врв, на Шар Планина, како и секоја година на 25 мај се собрале над 600 планинари. Доминирале од поранешните ЈУ републики. Имало планинари од Бугарија и други европски земји.

Прилеп го претставувале друштвата Јане Сандански и Козјак со 20 планинари.

Врвот висок 2747 м. претставувал испит за духот и подготвеноста на планинарите. Можеби височината не импонира, но вистинскиот тест биле екстремно лошите временски услови. Ветар со брзина од 120 км. на час и температура од минус 14 степени од снегот и виулиците, натерале многу планинари да се откажат од освојувањето на “вториот македонски покрив” и да се вратат со обезбедувањето на Попова Шапка.

Куриозитет е што прилепчанецот Благоја Талески одолеал на непогодите и за четири и пол часа се искачил на вториот по височина врв во Македонија. Бил еден од десеткуваната екипа на стартот. Откако се спуштил, му била доделена диплома за најстар учесник. На 68 годишниот планинар, не му пречел ветрот што го занесувал те лево, те десно и успешно, десеттипат го “совладал” врвот.  

Loading