КОРЗО ТРИПАТИ ПОДОБРО

ФУДБАЛ: МААЛСКИОТ КЛУБ КРЕНАТ НА ДЕВЕТТО ВТОРОЛИГАШКО МЕСТО 

– ПОБЕДА Е САМО ОСМА, 11 ОКТОМВРИ 12-ТИ

Заврши првенството во Втората фудбалска лига со прволигашка “виза” на Македонија ЃП и Гостивар, баражот е за Скопје и Еуромилк, квалификација за опстанок за Баби, а отпаѓаат Охрид и Тиквеш. За прилепчани крајот е успешен. Корзо се спаси од отпаѓање со триумфот 2-0 дома против конкурентот Баби од Штип, со двата гола на капитенот Благоја Гешоски.

Успех за почит на малиот клуб. Се крена на деветтото место со 35 бода. Пролетва освои 26, безмалку трипати повеќе од есеноска, кога собра девет. Не е чудо, ако се знае дека се сработи зимоска. Новиот тренер Зоран Штерјовски сметаше на 20 професионалци, половината доведени од страна, некои со прволигашко искуство, како Димитриоски, Шалевски, Марковски, Мижоров и голгетерот Гешоски. Високиот Гешоски се изнадава голови, а новост е начинот – со глава. Тимот го краси другарството, залагањето, пред сé квалитетот, што се виде во отпорот против водечките. На првакот Македонија му извадоа реми во Ѓ. Петров.

Фактор е и Управата. Плод за опстанокот се и наградите за секој бод. Спонзорите поддржуваат, оти раководството го разбира фудбалот. Следна цел е првата лига.

Преостанатите под реномето, Победа осма со 36, 11 Октомври 12-ти со 33 бода и да видиме дали градските ќе “тонат” пред подемот на маалскиот клуб.

Loading